Вилијам го нападнал Хари, а Меган ја нарекол безобразна, пишува во книгата на принцот

by fokus

Принцот Хари во својата сѐ уште необјавена книга наводно тврди дека неговиот брат, принцот од Велс, Вилијам, физички го нападнал поради бракот со Меган Маркл, објави „Гардијан“.

Во неговата долгоочекувана автобиографија, принцот Хари вели дека судирот се случил во неговиот дом во Лондон во 2019 година и го оставил со видлива повреда на грбот откако принцот од Велс го фатил за јаката и му го скинал ланчето, соборувајќи го на подот. Според „Гардијан“, „ова е една од многуте неверојатни сцени“ опишани во автобиографијата на Хари, насловена „Spare“, која треба да излезе на 10 јануари.

Хари натаму вели дека Вилијам ја нарекол американската глумица – „тешка, безобразна и токсична“ – коментарите за коишто помладиот брат истакнува дека ги повторуваат „медиумските приказни“ за неговата сопруга.

Британскиот весник објави дека успеал да добие примерок од книгата и покрај „строгите безбедносни мерки пред објавувањето“.

Поврзани новости