600
Вил Смит за Си-ен-ен накратко ја коментираше одлуката на Академијата да му забрани пристап на сите нивни настани, вклучително и Оскарите, во следните 10 години.
-Ја прифаќам и ја почитувам нивната одлука, рече тој.
За потсетување, Академијата излезе со соопштение за дисциплинската мерка што беше донесена на седницата на Управниот одбор вчера попладне.
-Одборот одлучи дека од 8 април 2022 година, на г-дин Смит нема да му биде дозволено да присуствува на какви било академски настани или програми цела деценија, во живо или виртуелно, вклучувајќи ги и Оскарите, беше посочено во соопштението.