Вил Смит 10 години не смее да присуствува на Оскарите

by fokus

Американскиот актер, Вил Смит доби 10 годишна забрана да присуствува на галата на Оскарите и другите настани на Академијата, откако му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Во соопштението, Академијата објави дека 94-те Оскари биле „засенети од неприфатливото и штетно однесување што го видовме од г-дин Смит на сцената“. Забраната на Смит има за цел да ги заштити изведувачите и гостите и да ја „врати довербата во Академијата“.

Академијата соопшти дека во моментот на шлаканицата „била несоодветна реакција на ситуацијата во просторијата“ и дека била „неподготвена за невиденото“. Се извини за тоа. Исто така, му се заблагодари на Рок што „ја задржал својата смиреност под вонредни околности“.

Смит објави брза, концизна изјава за неговата забрана од Оскарите во следната деценија.

-Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата, рече актерот во изјава за Си-Ен-Ен.

Смит го удри Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга, како последица на состојбата со опаѓање на косата, алопеција. Неполн час подоцна, му беше доделена наградата за најдобар актер за улогата во „Кралот Ричард“, каде го играше таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс.

 

Поврзани новости