618
Австралиската држава Викторија, некогашно жариште на коронавирусот во земјата, петти ден по ред не регистрира ниту еден случај на коронавирусот.
Австралиските држави почнаа со ублажување на регионалните ограничувања и најавено е отворање на меѓусебните граници.
По повеќе од три месеци строги мерки за карантин, Викторија неодамна ги отвори рестораните и кафулиња, но јавните собири сè уште се ограничени.
Од почетокот на пандемијата во Австралија имало 27.600 случаи на коронавирус, од кои 90 проценти во Викторија.