Викторија Бекам во свилена креација ја засени и снаата

by fokus

Ексклузивните фотографии од свадбата на синот на Дејвид и Викторија Бекам би требало да се појават во наредниот број на списанието Вог, но во американските и во британските медиуми веќе осамнаа и бројни папарацо фотографии.

Познато е дека на венчавката присуствувале и принцот Хари со сопругата Меган Меркл, тенисерката Серена Вилијамс, актерката Ева Лонгорија и уште многу гости од светскиот џет-сет. А, познато е и дека Дејвид и Викторија Бекам на свадбата на својот најстар син, меѓу присутните биле синоним за врвна елеганција.

Поранешниот фудбалер одбрал класично црно одело со бела кошула и вратоврска, а неговата сопруга изгледала величествено во свилен сребрен фустан.

Атрактивната снаа на Бекамови блескала во раскошна бела венчаница и вел кој дава посебен печат на оваа скапоцена креација.

Поврзани новости