По организирањето на изминатите две летни изданија на фестивалот „Кога во Крушево“, првите луѓе на овој настан ќе организираат и зимско издание.
Оттаму најавуваат уште една успешна дружба и многу награди за учесниците на овој фестивал.
„После успешната организација на двете летни изданија на outdoor фестивалот „When in Krusevo“, оваа зима, за првпат рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да се рекреираат, да уживаат прекрасен викенд и да се дружат со зимскиот фестивал „When in Krusevo – Winter is Here!”.
Настанот ќе се одржи од 8-ми до 10-ти февруари во Крушево, а организаторите ветуваат одлично дружење, забава и чист воздух во изобилство.
Зимската верзија на фестивалот ги вклучува следните спортски активности: рекреативна планинарска тура, зимски тандем параглајдинг, попуст за дневна ски карта, часови за нордиско и алпско скијање. Забавата и овој пат не е изоставена, предвидени се рок и DJ подиум во урбаните локани барови Old School и Snow Ktichen Bar, каде што ќе настапат The Hounds, Mario Eddie и останати изведувачи. Покрај вечерните журки, за прв пат ќе се одржи и дневна забава со дегустација на познатите крушевски специјалитети, а организаторите најавуваат и други изненадувања.
Цената на фестивалскиот билет е 500 денари, со кој учесниците добиваат уникатна маичка од фестивалот, со оригинална илустрација на добро познатиот македонски артист ТхеМичо, алуминиумско шишенце и подароци од останатите спонзори.
Со приложување на билетот, учесниците добиваат одличен попуст за сместување во вилите и хотелите, објавени на официјалната веб страната на фестивалот: www.winter.wheninkrusevo.mk. Исто така, со фестивалскиот билет се обезбедува одличен попуст за дневна ски карта за само 400 денари, повратна карта за жичара од 100 денари, тандем зимски параглајдинг за 1500 денари, како и влез на ноќните журки.
Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets (www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (www.wheninx.com)“, велат од „Кога во Крушево“.