Викендов во Албанија заминале рекорден број македонски државјани

by Frosina Fakova

За време на викендот преку граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, минале околу 2.600 патници, што претставува рекордна бројка во изминатиот период од годинава.

-За време на викеднот преку преминот „Блато“ влез-излез оствариле 2.591 патник со 985 возила. Што се однесува на фрекфенцијата во овој месец, бројката на патници кои од први до 23 август минале преку преминот е 33.304 патници и 15.223 возила, изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според статистиката од изминатите години, овој август регистрирана е помала фреквенција, пред се поради пандемијата со Ковид-19.

Во изминатите години во обични денови границата ја минуваа по над 2.500 патници, додека во викенд и околу четири илјади.

Македонските државјани во Албанија патуваат најчесто за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улцињ.

Поради близината дебрани пак одат во соседните Пешкопеа и Маќелари заради пазарање, како што во најголем дел тоа го прават жителите од албанските погранични населени места, кои најбројни се во саботите кога во Дебар е пазарен ден.

Со изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) се очекува фреквенцијата на преминот „Блато“ да се зголеми за неколупати, бидејќи оддалеченоста од Дебар до Тирана наместо сегашните 180 ќе биде 72 километри.

Поврзани новости