343
Во последните три дена од 21 до 23 октомври се регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции, а регистрирани сe и 66 оздравени пациенти од Скопје.
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.