373
Денес и утре со почеток од 11 часот ќе се одржи политички саем, на кој ќе бидат презентирани отчетите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. 365 дена промени, 365 дена работа, посветеност и проекти.
„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа разлика. Во општините каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните имаат општинска администрација која е на нивна услуга, се решаваат проблемите, и се креираат нови решенија по нивно барање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На политичкиот саем ќе имаат свое обраќање градоначалниците од цела Македонија. А ќе има и експертски трибини за голем број на актуелни теми.