945
Раководството на СДСМ викендов во Струга ќе ја доработи стратегијата за претстојните локални избори, а ќе паднат и првите одлуки за кандидатите за градоначалници, најави генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.
-Интерните и анкетата на ИРИ покажуваат дека и СДСМ и коалицијата е фаворит на претстојните локални избори. Имаме висока реализација на проектите и ветувањата, како и предкампањска активност во која најавивме 1.000 средби со граѓаните. Секој ден нашите функционери се на терен, одговараат на прашања, даваат извештај за сработеното, но и ги прибираат идеите – рече Николовски на Сител.