Денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во недела ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час) и ќе се задржи релативно топло време.
Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.