Викендов дожд, од понеделник заладување и снег

by Fokus

За време на викендот државава ќе биде под влијание на влажен бран што ќе предизвика времето да биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од утре попладне до недела и на места ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од понеделник ќе има заладување што ќе услови врнежите да преминуваат во снег, а во попладневните и вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од снег и во некои пониски места, особено во северните делови

Поврзани новости