Викендот повторно сончево и многу топло

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура во Скопје ќе изнесува 14 степени, а највисоката температура ќе изнесува 32 степени.

В недела, пак, максималната дневна температура ќе изнесува 37 степени.

Поврзани новости