685
За претстојните празници, односно за Велигден и за Рамазан да нема полициски час, предлага Комисијата за заразни болести. Тоа би значело дека полициски час нема да има овој викенд сабота кон недела и меѓу 11 и 12 мај.
Како што соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, другите олабавувања на мерките се полицискиот час да биде од 21 часот во останатите денови (освен за Велигден и Рамазан) и да се отворат летните тераси на кафулињата и рестораните, кои ќе може да работат до 20, односно до 20:30 часот.
-Во разговор со верските заедници тие презедоа одговорност да не се дозволат масовни собири и одбележувањето на празникот да биде во согласност со епидемиолошките мерки. Тука клучна е и одговорноста на самите граѓани, рече Филипче.