За време на овој викенд нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно, во поголемиот дел од државава со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 25 л/м2) а има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи и повремено ЗАСИЛЕН ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Максималните дневни температури и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, врнежите ќе бидат со променлив интензитет. Максималната дневна температура за време на овој викенд во Скопје ќе се искачи до околу 13 степени.
Потоа на почетокот од следната недела сеуште ќе имаме променливо време, ќе има и повремен локален дожд, на планините снег. Според сегашните анализи постабилно и релативно суво време ќе имаме од среда.
Подготви: Славчо Попоски