ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Стабилно и суво, со натпросечно високи температури

by fokus

За време на овој викенд, како и во првите денови од следната недела нашата територија ќе биде под влијание на стабилна, сува и натпросечно топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, утре, како и во понеделник локално ќе има и позначителна облачност. Максималните дневни температури на воздухот понатаму ќе бидат за пет до десет степени повисоки од просечните, истите речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени.

Во најтоплите предели од државава максималните температури се очекува да се искачат до пролетни 18 степени. Според најновите направени анализи,позначителна промена на времето и продор на студен бран се очекува во вторник навечер, како и во текот на ноќта кон среда. Сето ова ќе биде проследено со зголемена облачност, врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

Во текот на ноќта вторник кон среда, како и во среда врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег и на некои од пониските места, сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Детална анализа околу оваа промена следува наскоро.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости