Викенд временска прогноза: Следува стабилизирање на времето

by fokus

За време на овој викенд, под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса ќе имаме стабилизирање на временската состојба кај нас. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална, повремено и со позначителна облачност. Особено долж Повардарието во текот на претпладнево ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, во текот на денот ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од јужен правец.

Максималните дневни температури во текот на денешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во текот на ноќта кон понеделник како и во понеделник, особено на северозапад и на запад ќе има нови повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат претежно од снег.

Според најновите анализи, нов поголем влажен бран од запад ќе ја зафати нашата држава во вторник и тоа особено доцна попладне и навечер и ќе услови нови врнежи кој ќе бидат од дожд, снег ќе паѓа само на највисоките планини.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости