За време на овој викенд, како и за време на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици кој е утре, ќе имаме претежно стабилно, суво но релативно студено време. Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Локално ќе има и нешто повеќе облаци додека на повисоките места и на планините, има помали услови за локално провејување на слаб снег и тоа особено во текот на утрешниот ден.
По котлините особено во претпладневните, и повторно во вечерните часови ќе има магла и ниска облачност. Помали услови за магла или делумно расчистување на истата ќе има во недела и во понеделник, кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури, и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата, утре за Богојавление – Водици утрината, температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, преку денот истите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Стабилно, суво и релативно студено време ќе имаме и на почетокот од следната недела.
Подготви: Славчо Попоски