За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 денес и од 7 до 14 утре. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за повремени но послаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени денес и околу 12 степени утре.
Потоа од понеделник се очекува значително постабилно време и без врнежи, максималните дневни температури ќе бележат тенденција на постепен пораст. Наутро пак истите ќе бидат пониски и понатаму на некои места ќе се спуштаат под нулата.
Подготви: Славчо Попоски