ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нов бран на врнежи, па заладување

by fokus

Наврнато количество на воден талог во л/м2 низ државава досега: Маврово 25, Лазарополе 23, Охрид 19, Виница 9, Претор 7, Штип и Тетово 6, Крива Паланка 5, Берово 4. До крајот на денов, а особено претпладнево на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 10 л/м2 воден талог. На планините над 1500 – 1600 м.н.в врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег.

Ветерот кој го имаме од југозападен правец во текот на денов ќе го менува својот правец во северен и во северозападен со што од север ќе започне спуштање на постуден воздух кој позначително ќе ги намали температурите на воздухот.

Максималните дневни температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, меѓутоа кон крајот на денов и вечерва ќе започнат да опаѓаат па така до утре наутро поради стабилизирањето на времето истите на многу места ќе се спуштат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени.

Максималните дневни температури пак значително ќе бидат пониски од утре кога ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 13 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево утре, додека во понеделник ќе има умерена локална облачност. Во вторник повторно се очекува нов бран на врнежи кога на планинските места врнежите ќе бидат од снег а снежната граница во вторник навечер кон среда има услови да се спушти до околу 1100, 1200 м.н.в тоа особено во северната половина од државата.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости