ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Зимата се враќа – Следуваат нови врнежи од дожд и снег

by Fokus

До крајот на денов времето во државава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во текот на ноќта се очекува постепено зголемување на облачноста.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево, доцна попладне и навечер со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Во недела, особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде засилен. Сето ова ќе биде најава за продор на значително постуден воздух од север и од североисток, така од понеделник температурите на воздухот ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе.

Од понеделник на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег понекаде ќе има и на пониските места. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Особено во понеделник. Во понеделник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости