ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Зголемување на облачноста и послаби локални врнежи

by fokus

За време на овој викенд, односно денес попладне и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре особено претпладне ќе има зголемување на облачноста. Истата ќе биде проследена со локални но послаби врнежи и тоа од дожд на некои пониски места, додека на повисоките и планинските места ќе провејува снег.

Услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надмосрска височина (околу или нешто под 1000 метри). Ќе дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет (повремено). Потоа на почетокот од следната недела ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време, без врнежи. Утринските температури и понатаму во текот на следниот период, на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 4 до 11 степени. Нешто пониска дневна температура ќе имаме во недела и истата ќе се искачува во интервалот од 1 до 9 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости