До крајот на денешниот ден локално ќе има позначителна облачност, сепак и покрај ова ќе се задржи суво и стабилно. Особено долж Повардарието, како и на југоисток ќе дува северен и северозападен ветер кој ќе засилува на интензитет.
Максималните дневни температури ќе бидат нешто повисоки денеска и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени во најтоплите предели од државава.
Утре пак повторно температурите ќе бележат тенденција на пад, ќе дува и засилен северен ветер а локално ќе има услови и за слаби врнежи претежно од снег, на некои од пониските места особено долж Повардарието и на југоисток ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, во крајните југоисточни предели истите можно е да се искачат до околу 10 степени.
Потоа на почетокот од следната недела, како и за Бадник и Божиќ ќе имаме стабилно, суво и релативно студено време без никакви врнежи. Особено студено ќе биде наутро кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени, особено на повисоките и планинските места.
Исклучок ќе биде понеделник наутро, тогаш ќе има се уште услови за сосема слабо и локално провејување на снег.
Подготви: Славчо Попоски