За време на овој викенд нашата територија ќе биде под влијание на уште постудена воздушна маса од североистокот на Европа, токму поради тоа и температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање. Времето ќе биде променливо облачно, ќе има и повремени локални врнежи кој ќе бидат претежно од снег, истите ќе бидат со послаб интензитет што значи не се очекува ништо посебно.
Поради големата разлика на воздушниот притисок на релативно мал воздушен простор, ќе дува на повеќе места умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен правец (локално со брзина од над 70 км/час). Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9, во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Наутро, особено на повисоките и планинските места температурите ќе се спуштаат и близу -10 степени. Во понеделник ќе имаме стабилно, суво и студено време особено наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот некаде од -10 до -2 степени. Стабилното време ќе продолжи и од вторник па натаму.
ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Стабилно, суво и без врнежи, минималните температури ќе бидат релативно ниски и ќе биде студено. Истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, релативно студен ќе биде и првиот ден од новата 2020 година, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.
Подготви: Славчо Попоски