Влажниот воздушен бран кој ја зафати нашата државава, и услови врнежливо време, полека ја напушта нашата територија па така од денес па во следните неколку денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.
Само денеска локално се уште ќе има малку повеќе облаци а претпладнево, особено на повисоките и планинските места и услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Температурите на воздухот понатаму ќе бележат тенденција на пораст, за време на овој викенд истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
Порастот на температурите на воздухот ќе продолжи и на почетокот од следната недела, и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ. Максималните дневни температури на почетокот од следната недела ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.
Подготви: Славчо Попоски