ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Следува уште поголем пораст на температурите

by Fokus

За време на овој викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ. Времето ќе биде сончево и топло, повремено со умерена облачност. Локално на моменти ќе има и повеќе облачност а особено утре ќе има услови за сосема ретка појава на попладневен краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, повремено со умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура за време на овој викенд во Скопје се очекува да се искачи до околу 24 степени.

Потоа и во деновите од следната недела ќе имаме претежно стабилно, суво и уште потопло време. Тогаш максималните дневни температури во најтоплите предели од државава се очекува да се искачат до 30 степени. Исто така во понеделник и во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во понеделник од јужен а во вторник од западен правец.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости