ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Пораст на температурите на воздухот

by Фокус

За време на овој викенд времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Температурите на воздухот поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на пораст и утре ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека во недела ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град, особено во недела.

Потоа на почетокот од следната недела, повторно на повеќе места ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости