Традиционалниот виенски новогодишен концерт годинава е пред многу помалку публика, а не присуствува ниту австрискиот канцелар Карл Нехамер.
-Оваа тешка ситуација поради пандемијата бара многу од сите нас, па мислам дека моето доаѓање ќе испрати погрешен сигнал, напиша Нехамер на Фејсбук во четвртокот, додавајќи дека концертот ќе го следи на телевизија.
И покрај помалиот број луѓе кои ќе го слушаат концертот во живо, диригентот Даниел Баренбоим пред настанот рече дека е среќен што настанот нема да се одржи пред празен аудиториум.
-Се надевам дека тоа ќе инспирира некои политичари ширум светот навистина да размислуваат за важноста на духовната потреба на населението за музика- рече тој.
Бројот на гледачи годинава е ограничен на илјада луѓе во последен момент, поради што 700 кои имаат билет нема да можат да го слушаат концертот. За нив ќе биде резервирано место за настапот следната година.
Според најновите правила во Австрија, на настани со повеќе од илјада гости можат да присуствуваат само оние кои примиле „бустер” доза од вакцината.