857
Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб вечерва објави дека напаѓачите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.
-Пукано е во луѓето во баровите, особено во оние кои седеле во бавчите – рече Лудвиг, изразувајќи запрепастеност од нападот.
Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите, од кои еден е убиен.