Виена ќе дели бесплатни тестови за Ковид-19

by fokus

Од следната недела, во Виена ќе почне бесплатна распределба на тестови за ковид, со кои стотици илјади жители ќе можат да утврди дали се заразени со коронавирус, објавија вчера градските власти.

Околу 1,2 милиони тестови неделно ќе бидат достапни на жителите на Виена, град со 1,9 милиони жители,а околу 200.000 примероци ќе се анализираат дневно во главниот град на Австрија.

Тестовите може да се земат во околу 150 градски аптеки и во стотици супермаркети, по што граѓаните ќе можат да ги достават на анализа.

Целта на овој проект е „да се воспостави еден вид заштита на населението“ се додека не се обезбедат доволно количество вакцини.

Градот, исто така, сака да подели домашни тестови со цел, по велигденските празници, за да им обезбеди на своите жители пристап до продавниците за кои ќе биде потребен негативен резултат.

Во Виена и другите источни региони на Австрија, градските власти од четврокот воведоа карантин кој ќе трае до најмалку до вторник по Велигден за да се спречи притисокот врз одделите за интензивна нега со пациенти со ковид- 19.

Седумдневниот просек на заразени на 100 000 жители во Виена вчера беше 311, што е значително поголема од австрискиот просек од 250.

Антигените тестови што се подигнуваат во специјални центри и аптеки ќе натаму ќе бидат бесплатни како и досега.

Поврзани новости