760
На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос.
Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да и помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но дебатата беше времено прекината.
Преспа форумот годинава се одржува во Струга но се покажа дека условите во овој град не се на нивото што го бара собир од ваков тип. Освен што се правеше вештачки зелен амбиент во хотелот Дрим и панелите се одржуваа практично на отворено, некаде и прокиснуваше.