Видеото на кое се гледа како полицијци тепаат неколкумина Роми во Битола било објавено три дена по инцидентот, тврди Елвис Шаќири, претставник на организацијата „Аваја“ на вечерашната дебата на ТВ 24.
Тој се повика на тврдења на оштетените.
-Оштетените рекоа дека настанот се случил пред три дена и тоа е загрижувачки факт и тоа покажува дека полицијата три дена го криела настанот. Затоа сметаме дека полицијата треба да си преземе одговорност. Не може тепање среде улица да скриете три дена. Што ако не се појавеше и ќе испаднеше дека никој не бил тепан, рече Шаќири.
Тој вели дека МВР требало да им одреди притвор на полицајците кои ги тепаа Ромите, но сепак ја поздрави брзината на реакцијата на МВР која ги суспендираше полицајците и ним ги испитува вантрешната контрола.