472
Видеото со изживување врз мало момче кое се рашири по медиумите од регионот, било снимено минатата година во октомври, јавија српските медиуми. Напаѓач е 18-годишник кој е веќе осуден и се наоѓа зад решетки.
Тој е осуден за принуда, загрозување на сигурноста, насилство, напад над службено лице во вршење на службени должности и насилничко однесување.
Видео снимката веќе неколку дена се шерува на социјалните мрежи. На неа се гледа како непознат човек врши брутално изживување и тепање врз момче кое ги трпи ударите и моли за прекин, притиснато во ќош.
Напаѓачот го удира момчето со раце и нозе и го тера да рече „Им се извинувам на сите од Телеп“. Тоа укажува на локацијата каде се случило матретирањето, односно на дел од градот Нови Сад.