Видеолотарија нов спонзор на КК Академија ФМП

by Fokus

Видеолотарија Касинос Австрија стана спонзор на КК Академија ФМП.

Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со задоволство споделува дека е нов пријател на кошаркарскиот клуб Академија ФМП, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност и придонес во развојот на македонскиот спорт.

- Advertisements -

Преку ова партнерство, Видеолотарија ќе придонесе за унапредување на клубот, создавање подобри услови за играчите и поддршка на младите таленти во кошарката. Оваа соработка е дел од континуираните напори на компанијата да инвестира во спортот и заедницата.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

 

Поврзани новости