Видеолотарија Касинос Австрија стана спонзор на македонскиот мотоциклистички шампион Бузалковски

by fokus

Видеолотарија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, донесе одлука за спонзорство на  македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски.

Бузалковски е член на Здружението Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Средствата од спонзорскиот договор, ќе му   овозможат  учество на меѓународни шампионати. 

-Оваа сезона ќе настапиме на европскиот FIM Europe шампионат во класата Superstock1000cup, потоа и на Алпе Адриа интернационалниот шампионат, како и на BMU European Road Racing championship. Покрај овие натпревари, ќе возиме и на домашниот национален шампионат во најсилната класа од 1000 кубни сантиметри, изјави Бузалковски.

Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

ПР текст

Поврзани новости