Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да гради трајни пријателства. И годинава обезедивме спонзорска поддршка за македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, за да му овозможиме да учествува на меѓународни шампионати. Бузалковски е трикатен БМУ шампион.
Видеолотарија останува доследна на своите заложби за поддршка на македонскиот спорт. Под мотото Играј со најдобрите, и годинава ги градиме заедничките релации со победниците. Во таа насока, со задоволство споделуваме дека со ново спонзорство, го поддржуваме македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клуб МК СЕВЕНТУ ОНЕ ТЕАМ Скопје. Средствата од спонзорскиот договор, ќе му овозможат учество на меѓународни шампионати.
„Од април до септември не очекува густ распоред и многу патувања низ Европа. Ќе настапиме повторно на „FIM Европскиот 1000СТК, Alpe Adria интернационалниот шампионат, БМУ Европскиот шампионат, и на Македонскиот шампионат со вкупно 20 натпревари и тоа на патеките во Хрватска, Чешка, Словачка, Грција, Бугарија и Унгарија“, изјави Бузалковски.
Како потсетување, пред неколку дена во Верона, Италија се одржа „Прајс гивинг серемони“, каде беа доделени наградите за престижниот европски шампионат во брзински мотоциклизам. Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал. Христијан ја претставува Македонија во најдобро светло во овој спорт, па и затоа гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“.
Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.