Видеолотарија Касинос Австрија вечерва од 20.45, на трибините на стадионот Тодор Проески, ќе ја поддржи македонската репрезентација во најновиот предизвик, против добро познатиот противник, репрезентацијата на Ерменија.
Вечерва од 20.45 на стадионот Тодор Проески, Видеолотарија Касинос Австрија ќе навива за Македонија. Македонските „рисови“ по 14 пат ќе бидат домаќини на репрезентацијата на Ерменија, овојпат во рамки на 2.коло од Лигата на нации на УЕФА. Ерменија е добро познат ривал со кого треба да се бориме за првото место во групата 4. Од претходните 13 натпревари имаме 6 победи, а најубедлив беше триумфот од 2021 со одличните 0-5 во Ереван.
Партнерството со ФФМ е дел од нашата стратегија за поддршка на спортот, а трае веќе четири години. Покрај тоа, во текот на овие 10 години, Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди сериозна поддршка од 205 милиони денари наменети за унапредување на спортот, здравството, културата, но и за помош на ранливите групи од нашето општество.
ПР