985
Непријатна ситуација дожижеала ТВ екипа на телевизијата Алфа додека снимале сторија за четиригодишната Бисера која е дете со дијабет.
Имено, според објавеното видео, додека таткото на девојчето објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, дрска жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат.
Таа со висок тон и дрско им кажува дека нејзин е летниковецот и дека истиот е резервиран.
На прашање на водителката дали знае за што е интервјуто, жената одговара дека не ја интересира.
Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“, вели жената која додава дека не се срами.