(Видео) Жена му фрли торта в лице на поранешен германски министер, а тој не ѝ остана должен

by Fokus

За време на изборен митинг на Слободната демократска партија (ФДП) во Грајфсвалд, Германија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, поранешниот министер за финансии Кристијан Линднер беше нападнат од член на локалниот огранок на Младата левица.

Додека Линднер држел говор, една млада жена му пришла одзади, му кажала неколку зборови, а потоа му фрлила торта во лице. Додека го бришел лицето, тој ѝ фрлил од тортата на косата на жената, кога обезбедувањето ја носело од него.

Претседателот на партијата Левица во Мекленбург-Западна Померанија, Хенис Хербст, потврди дека жената која го нападната Линднер, била член на нивната партија, но се оградил од нејзините постапки. Неколку членови на Младата левица протестираа пред местото против политиката на ФДП. Локална портпаролка на ФДП изјави дека тортата е направена од крем за бричење.

Die Welt објави видео од инцидентот на кое се гледа како Линднер брзо се смирува и го продолжува својот говор. Откако ја проба пената, рече: „За жал, тоа не беше крем, само сапун. Барем можеа подобро да го направат тоа, тогаш ќе имав корист од тоа“. На хартиената чинија на која беше послужена тортата пишуваше „За љубовта на слободата“, со нацртано срце.

Членот на извршниот комитет на покраината Северна Рајна-Вестфалија на ФДП, Ана Нојман, коментираше за платформата Х: „Денеска торта, утре нож? Насилството, без разлика од кој агол, ја загрозува нашата демократија“.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах (СПД) додаде: „Започнува со торта, а завршува со камења или експлозиви. Бруталноста на политичкиот процес и штети на демократијата“, повикувајќи на казнување на напаѓачот. Линднер на својот официјален профил сподели видео од инцидентот со коментар: „Почнува изборната кампања. „КЛ нема да биде запрен во борбата за економски пресврт.

Поврзани новости