9
Хрватската новинарка со руско потекло Марија Григорјан Вучковиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видеа од момент кој и се случил на терасата од нејзиниот дом, кога го снимила моментот на удар на гром.
Имено, таа за малку не настрадала од ударот на громот, кој удрил точно во нејзината тераса.
-Излегов да земам крпа, не очекував гром да удри во терасата, бидејќи наоколу има огради и дрвја – напиша загрижено таа.
– Запомнете: шаторите и настрешниците нема да ве заштитат од гром. А ако се навлажни, ќе претставуваат дополнителна опасност бидејќи водата е добар спроводник на струјата – додава Марија со шокантно видео на кое се гледа како во моментот на ударот скока од шок и бега внатре во станот.