(ВИДЕО) „Железниот Мајк“ се подготвува за големата пресметка против јутјуберот

by Fokus

Целата светска јавност е шокирана од веста дека ќе се одржи боксерски меч меѓу големиот шампион Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол, закажан за 20 јули во Тексас.

Од моментот кога се знаеше и најави дека натпреварот ќе се одржи, Пол е мета на бројни критики, а главната причина за тоа е што Тајсон е дури 31 година постар од него, а веќе не е во натпреварувачка форма, долго време.

Но судејќи по она што се виде на првиот тренинг на Тајсон, се чини дека на јутјуберот нема да му биде лесно, иако можеби тој го има главниот збор во физичка смисла.

– Ова е прв ден. Забавата штотуку започна – изјави Тајсон со видео на кое се гледа дека и тој го фатил ритамот, па со полна пареа тргнал со тренинзите:

Поврзани новости