75
Револтираните фармери излегоа на протест во Париз. Земјоделците ги блокираат приодите на престолнината, а градот е отсечен од северот на Франција.
Земјоделците го блокирале еден од главните француски автопати кој го поврзува Париз со северниот град Лил. Блокадата предизвикала километарски колони во сообраќајот.
Локалните земјоделски синдикати денеска повикаа на блокади на патиштата во Париз и околината за да се засили притисокот на владата која фармерите ја обвинуваат дека не прави доволно за да им помогне да се изборат со, како што се вели, ниските цени на храната и претераната регулација.