ВИДЕО: Зеленски за победата во Херсон: „Денеска е историски ден”

by Fokus

По повлекувањето на руските војници, украинскиот претседател Володимир Зеленски пријави натамошно напредување на неговите трупи кон регионалниот главен град Херсон на југот на земјата, пренесе ДПА.

– Денеска е историски ден, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.

– Градот сè уште не е целосно ослободен од присуството на непријателот, но украинските специјални сили веќе се на теренот, рече тој.

Жителите на Херсон ги отстранија и руските симболи од улиците и зградите.

Зеленски објави и видео на кое се гледаат колони автомобили и луѓе кои гласно и навивачки ги поздравуваат украинските војници.

– Жителите на Херсон чекаа. Тие никогаш не се откажаа од Украина. Така ќе биде и во градовите кои сè уште чекаат да ги вратиме, истакна Зеленски.

Под притисок на украинските контраофанзиви, Русија во средата најави повлекување на своите трупи од делот на Херсон северозападно од реката Дњепар. Таму се наоѓа и регионалниот главен град со истото име, Херсон.

Поврзани новости