Претседателот на Украина, Володомир Зеленски денеска на Денот на победата над нацизмот објави црно-бело видео од разрушениот град Бородјанка и порача дека „злото се вратило“.
Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.
-На 24 февруари зборот „никогаш“ беше избришан. Беше бомбардиран од стотици проектили во 4 часот наутро. Украинците слушнаа страшни експлозии. Го слушнаа зборот „повторно“. Градот Бородјанка е една од многуте жртви на ова злосторство, а ова зад мене е сведок. Тоа не е воен комплекс или скриена база, туку едноставна зграда. Како може да претставува закана за Русија, вели Зеленски во видеото.