Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва преку видео обраќање до нацијата порача дека задутре, односно среда, на 16 феруари би можел да биде датумот кога Русија ќе ја нападне Украина.
-Ни велат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот. Ние ќе го направиме ден на единство. Се обидуваат да нѐ исплашат со уште едно именување датум за почеток на воената акција. Од тој ден ќе направиме ден на единството. Указот е веќе потпишан. Попладнево ќе закачиме национални знамиња, ќе ставиме сини и жолти ленти и ќе му покажеме на светот нашето единство. Имаме една голема европска аспирација. Сакаме слобода и подготвени сме да гласаме за неа. 14.000 бранители и цивили кои загинаа во оваа војна не гледаат од небо. И нема да ги изневериме. Сите сакаме да живееме среќно, а среќата ги придружува храбрите. Никогаш не би можеле да се откажеме и нема да го научиме тоа. Сакајте ја Украина! Ние сме во мир! Ние сме силни! Заедно сме!, порача Зеленски.