(Видео)Зеленски предупредува за можна војна на Балканот: „Блиски исток ќе биде и Балканoт“

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија „може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија“ со цел да го оттргне вниманието од војната во Украина.

– Денеска сите зборуваат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што кажав искрено, тој проблем не е од вчера. Ниту од завчера. Сите знаат за овој долгорочен конфликт и војна, но никој не сака да го прекине. На Блискиот исток, Русија стои зад војната, сигурни сме, со својот сојузник Иран – рече Зеленски, пренесе украинската агенција Интерфакс.

Тој додаде дека „треба да обрнеме внимание на Балканот“.

-Верувајте ми, добиваме информации – Русија има долгорочен план. Блиски исток ќе биде и Балканoт – рече Зеленски.

– Ако нашите партнери не направат ништо сега, ќе има нова експлозија и тоа ќе биде нова приказна. Нивните односи (земјите од Балканот) се во криза веќе подолго време. Затоа Русија ќе инвестира во една балканска земја (која е) во војна со друга – додаде тој.

Кога станува збор за Молдавија, Зеленски вели дека Москва ја поткопува ситуацијата во таа поранешна советска република.

– Дека нешто не е во ред се виде за време на изборите. Изборите да се прогласат за неуставни. Да се ​​уништи актуелната власт, која е проевропска – изјави Зеленски.

Поврзани новости