(ВИДЕО) Зеленски покажа каде живее во време на војната

by Fokus

Дебели завеси на прозорците, кревет за едно лице со перници и прекривка со цветови, телевизор и биро.

Ова може да се види во импровизираниот дом на украинскиот претседател Володимир Зеленски каде што тој живее една година – од почетокот на војната што ја започна Русија на 24 февруари минатата година.

„Овде живеам“вели Зеленски во филмот што го снимаше новинарот Дмитр Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија „1+1“.

Инсерти од филмот на Твитер објави советникот за внатрешни работи на украинскиот претседател, Антон Герашченко.

Во филмот, Зеленски го покажува и својот гардеробер во кој најголем дел од облеката е со маслинесто-зелена боја, која во текот на војната му стана заштитен знак.

„Ова е мојата секојдневна облека … Во моментов не носам одела“ вели Зеленски.

Сепак, чува и неколку одела, а за едно од нив рече дека е симбол оти „наскоро војната ќе заврши, а ние ќе победиме“.

„Ова е сако за победа?“ праша новинарот, на што тој одговори: „Да“

 

Поврзани новости