Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на Полска, изјави дека Русија извршила „масовен напад“ врз Украина.
„Различни градови: Киев, Днипро, Криви Рих, Славјанск, Краматорск. Повеќе од 40 ракети од различен тип. Оштетени се станбени згради, инфраструктура и детска болница“, рече тој.
Okhmatdyt Children's Hospital in Kyiv. One of the most important CHILDREN’S hospitals not only in Ukraine, but also in Europe. Okhmatdyt has been saving and restoring the health of thousands of children.
Now that the hospital has been damaged by a Russian strike, there are… pic.twitter.com/TmRlUmSBri
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 8, 2024
„Русија не може да тврди дека не знае каде летаат нејзините ракети и мора да биде целосно одговорна за сите свои злосторства. Против луѓето, против децата, против човештвото воопшто. Многу е важно светот да не молчи за ова сега и дека секој гледа што е Русија и што прави“, рече Зеленски.
Олександр Вилкул, шеф на воената администрација во Кривји Рих, на апликацијата за пораки Телеграм објави дека најмалку 10 лица се убиени, а 31 ранет по нападот на градот. Од нив 10 лица се тешко повредени.