Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, но однесувањето на рускиот амбасадор за време на говорот на украинскиот лидер ги привлече сите погледи.
Зеленски во синоќешниот говор рече дека неговата земја ќе излезе како победник и дека целосно ќе ги одбие руските напаѓачи.
– Еден ден во оваа сала сигурно ќе се каже дека руската војна против Украина заврши. И тоа ќе се случи не само затоа што некој се уморил од војна, не затоа што некој нешто разменил со (рускиот претседател Владимир) Путин. Војната на Русија против Украина ќе заврши бидејќи Повелбата на Обединетите нации мора да дејствува. Мора да работи. Нашето украинско право на самоодбрана ќе надвладее – рече Зеленски.
Ukraine's President Zelenskyy @ZelenskyyUa at UN Security Council – with @SecBlinken & UNSG @antonioguterres:
"Putin has broken so many international norms and rules that he won't stop on his own, Russia can only be forced into peace, and that is exactly what's needed, forcing… pic.twitter.com/PUk8SMWdX9
— Pamela Falk Correspondent United Nations (@PamelaFalk) September 24, 2024
Додека Зеленски зборуваше, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, демонстративно ги прелистуваше документите и гледаше во неговиот мобилен телефон.
Тој слично се однесувал и додека држел презентација словенечкиот амбасадор, пренесе „Јутарни лист“.