Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети линијата на фронтот во регионот Доњецк во источна Украина и разговараше за војната со највисоките воени команданти.
Посетата дојде неколку дена откако Зеленски го разреши командантот на Здружените сили на Украина по критиките, додека Киев со месеци се мачеше да ги задржи руските трупи на истокот.
Донеччина. 110-та, 31-ша й 47-ма окремі механізовані бригади.
Заслухав доповіді про оперативну обстановку, обговорили з Головкомом та комбригами наші дії. Особисто подякував нашим бійцям і відзначив нагородами.
Дякую за захист нашої держави, за те, що ви щоденно робите для… pic.twitter.com/wvdJVmSfi9
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 26, 2024
– Денот го започнав во Доњецката област, заедно со нашите војници, со врховниот командант (Олександар) Сирски и новиот командант на здружените сили, генерал (Андрии) Гњатов – изјави Зеленски од градот Покровско.
Тој додаде дека новоименуваниот генерал Гњатов „е млад човек, но неговото познавање на линијата на фронтот и неговото искуство се токму она што ни треба“.
Претседателот го назначи Гњатов откако популарниот воен командант го обвини неговиот претходник Јуриј Содол за неспособност.
Зеленски, исто така, зборуваше за помошта на погодените заедници во регионот на Доњецк, кои го поднесоа најголемиот дел од борбите во последните месеци.
Тој направи редок напад врз владините претставници, велејќи дека тие „треба да бидат таму и на друго место блиску до линијата на фронтот – во тешки заедници каде што на луѓето им требаат итни решенија“.
– Бев изненаден што некои релевантни државни функционери не беа тука шест месеци и повеќе. За нив ќе извлечам соодветни заклучоци – додаде украинскиот лидер, пренесува Франс прес.